Во овие европски земји вработените имаат највисоки годишни плати: НАД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА!

199

Америка можеби сè уште е земја на соништата, но тоа не е земјата во која граѓаните имаат највисоки плати. Според истражувањето на Евростат, повеќе од просечната годишна плата во износ од околу 54 илјади евра, колку што изнесува во САД, дури десет европски земји ја надминуваат оваа сума.

Според Евростат, во 2022 година, саатниците во ЕУ се зголемиле за 4,4 отсто, најмногу во дејностите поврзани со рударството, електричната енергија и техничките дејности. Земја чии граѓани имаат највисоки плати е Швајцарија. Во 2022 година просечната плата во оваа земја била 106.839.33 евра. Но, освен разликата во платите меѓу Швајцарија и Америка, повеќето компании во Швајцарија на вработените им обезбедуваат меѓу четири и пет недели платен одмор, што е двојно и повеќе отколку во САД, кои обезбедуваат просечно две недели платен одмор, пишува Форбс.

Швајцарија, пишува Swiss Observer, има еден од најниските просечни неделни работни часови во ОЕЦД – под 36 часа неделно, што Швајцарците добро го користат, поради што имаат една од највисоките стапки на продуктивност во светот.

Швајцарската економија е една од најстабилните во светот благодарение на силниот банкарски сектор и ниските стапки на невработеност. Иако не е даночен рај, пишува Swiss Observer, оваа земја е позната по релативно ниските даноци, кои им овозможуваат на жителите да задржат поголем дел од приходите.

На второто место по висината на годишна плата, според Евростат е Исланд, каде просечната годишна плата надминува 80.000 евра, трет е Луксембург со нешто повеќе од 79.000 евра, а четврта е Норвешка, каде вработените заработуваат околу 74.000 евра годишно.

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во 10-те најбогати земји во светот куповната моќ по жител е повеќе од 110.000 долари. Друга реалност која не наликува на Швајцарија или на другите девет богати земји покажува дека во 10-те најсиромашни земји во светот (Јемен, Мадагаскар, Либерија, Малави, Нигер, Мозамбик, Демократска Република Конго, Централноафриканска Република, Бурунди и Јужен Судан), просечната куповна моќ по жител е помала од 1.500 долари, пишува Форбс.