Владата на Либан се обидува да спречи одговор на Хезболах што може да започне поголема војна

182

Шефот на либанската дипломатија Абдала Бу Хабиб изјави дека владата на земјата се обидува да го спречи одговорот на групата Хезболах против Израел, кој го обвинува за убиството на политичкиот лидер на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије, бидејќи проценува дека тоа ќе започне поголема војна, објави денеска Ројтерс.

Тензиите во регионот се зголемија во текот на изминатата недела по атентатот на Ханије во Техеран во средата на 31 јули.

Иран, Хезболах и Хамас го обвинија Израел за неговото убиство, а Техеран најави одмазда.