EPA-EFE/NEIL HALL

Вкупниот награден фонд на Вимблдон ќе се зголеми на рекордни 50 милиони фунти, соопштија организаторите на третиот тениски грен-слем турнир во сезоната.

Наградниот фонд е зголемен за 5,3 милиони фунти, што е зголемување за 11,9 отсто во однос на минатогодишниот турнир.

Шампионите во поединечна конкуренција ќе заработат по 2,7 милиони фунти или 14,9 отсто повеќе од лани. Играчите што ќе загубат во првото коло, ќе добијат по 60.000 фунти, што е зголемување од 5.000 фунти.

Вимблдон започнува на 1 јули и ќе трае до 14 јули.