Викендов „Розов пикник“- настан посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка

76

Здружението ЕЗРА ве поканува на Розов Пикник, настан посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, кој ќе се одржи на 05 октомври, со почеток во 11 часот, на Школка, Градски Парк, Скопје.

Говор на настанот ќе држи Министерот за Здравство, др. Арбен Таравари и Весна Бејби Петрушевска.

Настанот, кој ќе понуди бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, има за цел не само да обедини, туку и да даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите. Свое обраќање ќе имаат Министерот за Здравство, Арбен Таравари и Весна Бејби Петрушевска.

Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба.

Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее.