EPA-EFE/ALI HAIDER

Трикратниот последователен шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, е загрижен дека Мекларен би можел да му направи проблеми на патот кон титулата.

Холанѓанецот оваа сезона не доминира како што беше случај лани, бидејќи Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен имаат сè подобри резултати и воедно вмешаа прсти во борбата за титулата.

  • Доколку продолжат да победуваат, тогаш ќе бидат сериозна закана во борбата за титулата – истакна загрижено Верстапен.

По 14 трки, Макс има 78 бода повеќе од Норис, додека шампионатот во Ф1 продолжува на 25 август, со трката во Холандија.