В петок, литија низ Скопје со чудотворната икона на Богородица Троеручица од Хиландар

506

Иконата подарок од донатори пристигнува во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со неа низ центарот на Скопје. В сабота во 9:00 часот, ќе се одржи света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан

Монасите од Света Гора, заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, в петок, на 20 септември, во Скопје, ќе донесат копија од иконата на Богородица Троеручица, која ќе биде осветена, а потоа ќе се одржи литија низ улиците на главниот град.

Иконата подарок од донатори пристигнува во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со неа низ центарот на Скопје.

– Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение „Мир, хармонија и стабилност“, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем, православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство – се вели во најавата за настанот.

В сабота во 9:00 часот, ќе се одржи света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Иконата на Пресвета Богородица „Троеручица“ е позната чудотворна икона во српскиот православен манастир Хиландар на Света Гора, Грција. На неа е претставена Богородица со младиот Исус во положба на хоџетрија и е покриен со риза. На задната страна на иконата е сликарството на Свети Никола.