Усвоени измените на Директивата за единствена дозвола за работа и престој на странци во ЕУ

52

Советот на ЕУ денеска ја усвои ревизијата на Директивата за единствена дозвола, со која се утврдува управадминистративната постапка за добивање единствена дозвола за право на работа и право на престој во ЕУ, како и заеднички збир на права за работници од трети земји.

Како што е наведено во соопштението на Советот на ЕУ, целта на законодавниот акт, со кој се ажурира директивата од 2011 година која е моментално на сила, е да се привлечат вештините и талентите што и се потребни на ЕУ и да се отстранат празнините во однос на правниот миграција во ЕУ.

Ревизијата, се додава, предвидува скратена процедура за аплицирање за единствена дозвола за право на работа и престој во ЕУ и нејзината цел е да ги зајакне правата на работниците од трети земји преку дозволување промена на работодавачот и ограничен период на невработеност.

Целта на измените е да се привлечат стручно оспособени и талентирани кадри кои и се потребни на ЕУ и воедно да се надминат некои од недостатоците во однос на легалната миграција во Унијата. Со нив се скратува процедурата за аплицирање за дозволата и се зајакнуваат правата на работниците од странство.

Согласно ревидираната Директива, надлежните органи треба да ја издадат дозволата или да го одбијат барањето за нејзино издавање во рок од три месеци од поднесувањето на пополнетата апликација. По исклучок, во случај на „сложени апликации“ овој краен рок може да биде продолжен за дополнителни 30 дена.

Новина во Директивата е што лицата кои ќе добијат единствена дозвола ќе можат да го сменат работодавачот, кој бил основа за нејзино издавање, но за тоа треба да ги известат властите. На државите членки им се остава можност на национално ниво да регулираат минимален период во кој странскиот работник мора да работи кај работодавач кој бил гарант за издавање на дозволата.

Со ревизијата се воведуваат и правила доколку странските работници што поседуваат единствена дозвола за работа и престој во ЕУ останат без работа. Ним им се дозволува да останат на територијата на земјата членка на која се наоѓаат најмногу три месеци во периодот на важност на дозволата или најмногу до шест месеци доколку документот е одобрен пред повеќе од две години.

Изменетата Директива ќе стапи во сила на 20-тиот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија. Земјите членки на ЕУ ќе имаат рок од две години да ги вметнат одредбите од Директивата во своите национални законодавства.