Уште една европска престолнина забранува изнајмување е-скутери

496

Мадрид најави дека ќе го забрани изнајмувањето на електрични скутери, со што ќе стане втор европски главен град по Париз што го прави тоа поради зголемениот број несреќи во кои жртви се претежно пешаци.

Градската влада на Мадрид објави дека забраната ќе стапи на сила на 1 октомври, пренесе АФП.

„Ги повлекуваме сите дозволи за компаниите да изнајмуваат е-скутери на улиците на градот“, напиша на интернет конзервативниот градоначалник на Мадрид, Луис Мартинез Алмеида. Тој рече дека приоритет е безбедноста на граѓаните на Мадрид.

Трите компании кои моментално поседуваат лиценца за изнајмување електрични скутери сега ќе мора да ги отстранат од улиците. Тие компании не го испочитуваа условот што го поставивме, а тоа е да се гарантира безбедноста на пешаците, пред се на постарите“, напиша градоначалникот.

Трите компании на кои ќе им бидат одземени лиценците досега изнајмиле околу 6.000 електрични скутери на улиците на Мадрид.