UNWTO: Туризмот во Србија со раст од 73 отсто, Северна Македонија со раст од 24 отсто во туристичкиот промет

28

Србија, од јануари до јули, забележа убедливо најголем раст на туристичкиот промет меѓу земјите кои известуваат за овој параметар, што покажува дека промоцијата на туризмот, отворените граници и општото закрепнување на индустријата по пандемијата придонесоа за раст и покрај високата инфлација, соопшти во анализата Блумберг Адрија.

Извештајот на Светската туристичка организација (UNWTO), објавен по повод Светскиот ден на туризмот, покажува дека туристичкиот промет во Србија е зголемен за 73 отсто од почетокот на годината во однос на нивоата од 2019 година. Според овој параметар, зад Србија на листата е Судан со раст од 64 отсто и Романија со раст од 43 отсто. Потоа следуваат Албанија, чиј промет беше повисок за 32 отсто во првите седум месеци, и Северна Македонија, која забележа пораст на прометот од 24 отсто, што покажува на тоа дека регионот е меѓу оние кои најбрзо закрепнуваат.

Податоците за земјите кои известуваат за туристичкиот промет се однесуваат на првите пет до седум месеци од годинава.

Од земјите што пријавиле пристигнувања на туристи, најголем раст имаат американските Девствени Острови (+32 отсто), Албанија (+19 отсто), Сен Мартен (+15 отсто) и Етиопија и Хондурас (и двете земји имаа раст од 13 отсто).

На глобално ниво, туристичката индустрија закрепнала до 60 отсто од нивото пред пандемијата, но од јануари до јули забележан е скок на активноста од 172 проценти во споредба со првите седум месеци од 2021 година, за што влијаеше почетокот на закрепнувањето на пандемијата, изјавија од UNWTO.

-Туризмот продолжува да закрепнува, но остануваат неколку предизвици, од геополитички до економски. Секторот им ја враќа надежта и можностите на луѓето насекаде во светот. Сега е исто така време да се преиспита туризмот, каде оди и како влијае на луѓето и на планетата, изјави генералниот секретар на UNWTO Зураб Пололикашвили, соопшти Блумберг Адрија.