Што се однесува до причината за честото пцовисување животни во последно време, од скопската Зоолошка градина објаснуваат дека тие биле стари, изнемоштени или спасени.
– Имајќи предвид дека не сме дел од Европската Унија, а согласно со политиките и стратегијата од ЕАЗА, кои ги добивавме од нив до последно и сè уште постапуваме по нив, кај нас најчесто и во најголем број доаѓаа или истополови групи или стари, изнемоштени и спасени животни. Таков е примерот со циркуските слоници Дуња и Даела, дел од шимпанзата од лабораторија, во длабока старост е нашето шимпанзо Мими, кое со години прима терапија за срце. Во сериозна возраст е и нашата женка јагуар, а и морскиот лав Кан – потенцираат од Зоолошката градина
Пред да биде евтаназирана слоницата Дуња, во скопската Зоолошка градина умрел и бизонот. Оттаму ја потврдија информацијата.
Причината за неговото пцовисување, како што објаснуваат од Зоолошката градина, согласно со извршената обдукција и хистопатолошкиот наод од стручни лица по патолошка морфологија при Факултетот за ветеринарна медицина, е хронично граниломатозно воспаление на белите дробови. Бизонот бил на возраст од околу четиринаесет години, додека просечната старост на овие животни е од десет до дваесет години. Од Зоолошката градина не одговорија зошто не било соопштено досега за ова во јавноста. Тие ниту ја негираа ниту, пак, ја потврдија информацијата дека шимпанзото Мими, исто така, била во тешка здравствена состојба.
Што се однесува до причината за честото пцовисување животни во последно време, од скопската Зоолошка градина објаснуваат дека животните биле стари, изнемоштени или спасени.
– Имајќи предвид дека не сме дел од Европската Унија, а согласно со политиките и стратегијата од ЕАЗА, кои ги добивавме од нив до последно и сè уште постапуваме по нив, кај нас најчесто и во најголем број доаѓаа или истополови групи или стари, изнемоштени и спасени животни. Таков е примерот со циркуските слоници Дуња и Даела, дел од шимпанзата од лабораторија, во длабока старост е нашето шимпанзо Мими, кое со години прима терапија за срце. Во сериозна возраст е и нашата женка јагуар, а и морскиот лав Кан – потенцираат од Зоолошката градина.
Оттаму, пак, потенцираат дека во 2022 година, во Зоолошката биле родени 48 животни, 29 биле донесени, а умреле 10. Во 2023 година, биле родени 58 животни, а пцовисале 10.
Последните случувања со евтаназијата на слоницата Дуња предизвикаа лавина реакции и од граѓаните, кои бараат да се затвори Зоолошката градина, но бараат и одговорност за поморот на животни што се случува таму, во последно време, бидејќи, како што коментираат, очигледно е дека не се чуваат во соодветни услови.
Во фејсбук-групата „Ѕид на Општина Гази Баба“, граѓаните организираат потпишување петиција за затворање на Зоолошката градина. Во неа се вели: „Бараме итно затворање на Зоолошката градина во Скопје, бараме релокација и рехабилитација на сите животни. Бараме одговорност за сите досега залудно загубени животни. Оваа петиција нека биде прв чекор да се спротивставиме на заробениот живот и на ужасната глетка што ги нуди Зоолошката градина во Скопје“.
– Познатата жирафа Каспер умре како последица на инфекција од бактеријата салмонела естеридис. Жирафата Флопи умре како последица на малиген тумор на епителот од жолчните канали во црниот дроб и на метастази на белите дробови. Умре и жирафата Тобого. Минатата година, умреа дури осум животни. Пцовисаа тигрица, лемури, прежавелски коњи, црн лебед, многу пингвини, џуџеста коза, а сега и слоницата Дуња, која беше видно измачена и преслаба. Во претходните години, биле заклани дури 10 коњи, со образложение дека биле болни. Умреле и трите ретки т.н. прежавелски коњи и имало сомнежи дека биле намерно отруени – се наведува во петицијата.
Притоа, се додава дека ЗОО Скопје неодамна го загубила и статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА).
– Никаквите услови, несоодветниот простор, измачувањето, ужасната смрдеа, криците и плачот што се слуша постојано од зад решетките е секојдневната слика во Зоолошката во главниот град Скопје. Таа треба да биде едукативна, забавна и интересна, а не простор што наликува на затвор, каде што се гледаат само тажни животни, некои дури и агресивни од постојано затворениот простор, болни, слаби, измачени, без живот во себе, со маки го дочекуваат секој ден, како казна, поминувајќи го времето само во спиење во прашина, кал и во измет – се потенцира во петицијата.
(А.П.)