Четириесет и осумгодишен маж кој бил донесен во болницата во Пиргос во тешка состојба откако го каснал пајак, набргу починал. Според грчките медиуми, несреќниот маж бил донесен во критична состојба на одделението за интензивна нега, каде веднаш бил интубиран, но ја загубил битката за живот.
Како што им рекол на докторите, отишол на приватен ортопед поради болки во ногата, но оттаму веднаш го препратила во болница. Тој бил на одмор во грчкиот град Илија на одмор, а не бил ни свесен дека го каснал пајак.
Здравјето на човекот се влошило еден ден подоцна, тој развил симптоми кои потсетуваат на каснување, а медицинскиот персонал вложил напори да го одржи во живот.
„И покрај натчовечките напори на персоналот, пациентот на крајот не успеа да издржи. За жал, тоа беше нешто што се знаеше од самиот почеток. Ваквите инциденти не завршуваат добро. Се трудевме многу“, велат од болницата.
Медиумите јавуваат дека мажот кој бил на одмор во Грција бил каснат високо кај бутот од ногата, но не забележал кога бил каснат.
Се истакнува дека точната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукција и токсиколошки тестови.
„Од описот мислиме дека се работи за каснување од кафеав пајак. Не постои противотров и неговиот развој е генерално доста брз, иако на почетокот не изгледа дека е ништо сериозно. Има ненадејно влошување 72 часа по каснувањето“, велат од болницата.
Кафеавиот медитерански осамен пајак е малку проучен. На предниот дел од телото има изразен белег кој наликува на виолина. Активен е ноќе, додека дење се крие под камења и лисја.