Грчката полиција соопшти дека со помош на Израел уапсила осум странци и разбила банда која со јахти превезувала дрога од Европа во Израел.
Осомничените, претежно од Украина и Израел, беа уапсени во понеделникот во Грција, а денеска се појавија пред обвинител.
Грчката полиција трага по преостанатите членови на бандата, јавува Ројтерс.
Се верува дека водачот на бандата е четириесет и четиригодишен Израелец.
Дрогата од Холандија и Германија, скриена во камиони, пристигнала во Грција преку Бугарија, каде што била натоварена на јахти за Израел.
Запленети се околу 130 килограми психоделична дрога МДМА, кетамин и марихуана, соопшти полицијата.
Се проценува дека бандата остварила добивка од 2,5 милиони евра.