Осумнаесетгодишен Ирачанец е приведен во Виена во врска со истрагата за наводниот заговор за напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во австриската престолнина, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи.
Министерството наведува дека приведениот Ирачанец потекнува од истиот круг како главниот осомничен, 19-годишен Австриец со потекло од Македонија, објави Ројтерс.
Свифт вчера, денеска и утре требаше да пее на виенскиот стадион „Ернст Хапел“, но концертите беа откажани.