Туристите кои ја посетуваат тврдината се шуткаат наваму-натаму низ тврдината, не знаејќи каде да одат и што да прават, зачудени како е можно еден ваков значаен локалитет да биде без никаква грижа од надлежните институции и да биде оставен на милост и немилост.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, по посетата на Калето изјави дека целосно изградените музеи предвидени за поставките на археолошките предмети од праисторискиот и отоманскиот период се запуштени, видливи се и делумни оштетувања, а музејот предвиден за поставката на археолошките предмети од средновековниот период, кој не е дограден, е целосно обраснат од вегетација. Според него, Калето е потребно што поскоро да се ревитализира за да стане активна туристичка атракција за промоција на нејзината богата историја
Скопската тврдина е целосно запуштена и е обрасната со вегетација. Тревата не се одржувала и целосно ја има обраснато тврдината, а одредени делови воопшто не се пристапни, иако таа е една од најпосетуваните туристички локации во градот како истакната знаменитост. Туристите се шуткаат наваму-натаму низ тврдината, не знаејќи каде да одат и што да прават, зачудени како е можно еден ваков значаен локалитет да биде без никаква грижа од надлежните институции и да биде оставен на милост и немилост.
Дека скопското Кале поради ваквата состојба во која и самите се увериле, треба што е можно поскоро да се ревитализира за да стане активна туристичка атракција за промоција на нејзината богата историја е и заклучокот на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честова, поранешниот раководител на археолошките истражувања, Драги Митревски, како и државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓорѓова при нивната посета на оваа знаменитост на главниот град.
Како што објави на Фејсбук, министерот Љутков, целосно изградените музеи предвидени за поставките на археолошките предмети од праисторискиот и отоманскиот период се запуштени, видливи се и делумни оштетувања, а музејот предвиден за поставката на археолошките предмети од средновековниот период кој не е дограден е целосно обраснат од вегетација.
Тој додава дека е очигледно оти во последните седум години воопшто не било инвестирано за какви било интервенции за непосредна заштита, односно за конзервација на откриените предмети.
– Затоа, разговаравме за потенцијалот кој Скопската тврдина Кале го има не само како археолошки локалитет, туку и како туристичка атракција, со оглед на тоа што за време на посетата на Калето имаше стотина туристи – заклучи Љутков.
Скопската тврдина Кале е сместена на високиот рид наречен Градиште, над Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.
Како највисока точка во градот, калето отсекогаш било ценето од месното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во византиско време (VI век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од разурнатиот град Скупи.
Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многупати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963 година, кружните и квадратните кули на тврдината биле заштитени и обновени.
(А.П.)