Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ в недела ќе организира тура во околината на Раштак (околу Сарачево, Пештер и по ливадите наоколу), а ќе бидат посетени и повеќе извори во Раштак.
– Почетокот на турата ќе биде во 8:00 часот. Дотаму може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со број „65“, кој тргнува од Транспортниот центар, во 7:10 часот, додека автобус за назад има во 15:30 часот – информираат од „Убавините на Скопска Црна Гора“.
Турата ќе биде лесна и е особено наменета за планинарите почетници. Долга е пет километри, со минимална висинска разлика од 100 до 200 метри.