Топлотниот бран зема жртви, најлошото допрва доаѓа! „Африканскиот антициклон“ ја пржи Европа

5991

Маси на топол воздух над северна Африка и централниот Медитеран се пробиваат кон исток, па метеоролозите предвидуваат дека од вторник до петок во Грција и Турција температурите на места ќе се искачат до 45 Целзиусови степени.

Врвот на топлотниот бран се очекува во среда и четврток, а температурите треба да опаднат за време на викендот.

Колку е опасна состојбата по здравјето говори и фактот што од вторник училиштата во делови од земјата ќе затворат во 11.30 часот или ќе останат целосно затворени доколку локалните општини решат дека жештините се пресилни.

Грчкото Министерство за труд ги повика луѓето од јавниот и приватниот сектор да работат од дома доколку е можно.

За многубројните туристи кои моментално се во Атина, грчкиот Црвен крст постави штандови на централниот плоштад Синтагма и на Акропол, каде што се дели бесплатна вода. На луѓето им се препорачува да избегнуваат излегување надвор во топлите попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат интензивно вежбање на отворено.

Раниот топлотен бран се совпадна со бранот на исчезнувања и смртни случаи на туристи регистриран во последните денови во оваа медитеранска земја, со што се истакнаа опасностите од изложеност на топлина.

Изминативе денови на грчките острови беа пронајдени телата на неколку странски туристи. Нивната смрт најверојатно е предизвикана од прошетка во потрага по скриени плажи на високи температури, кои во последните денови се движат околу 40 степени Целзиусови. Телото на 55-годишен Американец е пронајдено на островот Матраки. Пред тоа во саботата на островот Самос беше пронајдено тело на холандски турист (74). На 5 јуни на Крит биле пронајдени двајца планинари. На почетокот на јуни исчезна Британецот Мајкл Мозли, познат ТВ водител, а неговото тело беше пронајдено на 9 јуни. И тој отишол на прошетка на најжешките жештини во моментот на исчезнувањето.

Спасувачките тимови во Грција трагаат по две Французинки, на возраст од 73 и 64 години, на островот Сикинос и 59-годишен американски полицаец на Аморгос.

Турската метеоролошка служба предупреди и на топлотен бран, кој особено ќе го зафати западниот дел на земјата, каде се очекуваат температури од околу 45 степени Целзиусови.

Италијанците се потат и на температури од 40 Целзиусови степени, што е последица на „африканскиот антициклон“.

– Тоа е 10 степени над сезонскиот просек, изјави метеорологот Антонио Сано, основач на веб-страницата www.iLMeteo.it, кој предвиде дека топлотниот бран на Сахара „наскоро ќе ја зафати целата земја“.

Како што јавува АНСА, во вторник живата ќе се искачи до 34°C, а температурите ќе бидат уште повисоки во Пуља, Сицилија и Сардинија. Од среда до петок горештините ќе се засилуваат, изјави Сано.

Термометрите ќе регистрираат 39 и 40 степени Целзиусови во Рим, Неапол, Фиренца и Ферари, а во внатрешноста на Сардинија и Сицилија живата ќе се искачи до 44 степени Целзиусови.

Италијанскиот метеоролог Сано најавува дека идната недела антициклонот „ќе ја загуби силата“ и дека на север ќе пристигнат првите обилни врнежи од дожд, а температурите ќе опаднат во сите региони.

Топлотниот бран не ја заобиколи ниту Шпанија. Минатата година во таа земја како последица на горештините починаа дури 3.000 луѓе.

Од среда до петок најтоплата воздушна маса ќе пристигне од Италија кон централниот Балкан, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија и Полска – додека алпскиот регион и Германија најтопол воздух во четврток, петок е врв на жештината. бран во Италија, земјите од северниот дел на Балканскиот Полуостров, Чешка, Словачка, Унгарија и Полска.

Вонредна временска прогноза од УХМР