Тевдовски задоволен од Извештајот на ЕК: Покажуваме сериозен капацитет и одиме напред

153

Министерот за финансии Драган Тевдовски е задоволен од Изештајот за напредокот на земјата на Европската комисија во кој, како што оценува, јасно се потенцира дека МФ во соработка со ММФ, Светска банка, ЕК и ЕУ спроведе реформи со кои е подобрен системот на јавните финансии.

-Во извештајот се јасно потенцирани клучните реформи што се направени како пензиската, даночната реформа, потеницрана е фискалната транспареност како нешто што ја носи земјава напред, изјави  минситерот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишување Меморандум за соработка со Обединетото Кралство.

Тој додаде дека ЕК во Извештајот многу јасно пишува дека значајно ја имаме подобрено транспарентноста.

-Транспареноста е алатка што овозможува јавноста да има целосен увид за тоа како се трошат парите што се прибираат главно од даноци. Ние презедовме некои 15 големи мерки со кои на различен начин го подобруваме процесот од буџетско планирање, па до извршување на буџетот. Направивме од граѓански буџет, до обврска да се објавуваат договорите и анексите на јавните набавки на веб страните, посочи Тевдовски.

Потсети и на носењето на фискалната стратегија што е направено според законски рок и минатата година и оваа година.

-Донесовме фискална стратегија што ги поставува клучните параметри на планирањето, но апсолутно и на трошењето, не само во еден период, туку на еден среден период. Го донесовме на време и со тоа правиме јасна рамка за тоа каде ќе се движи јавната потрошувачка, рече министерот за финансии.

Тевдовски потенцира дека реформи се преземени и во институциите што се под надлежност на Министерството за финансии, како УЈП, Царинската управа…

-Покажуваме сериозен капацитет и одиме напред и тоа секако мора да кажеме дека со огромна поддршка од нашите стратегиски партнери, како што е Битанија, САД, ЕУ кои ни даваат поддршка за реформите што ги правиме, рече Тевдовски.

Во врска со нотираното за сивата економија, кажа дека првпат имаме стратегија како земја за борба против сивата економија и првпат се преземени мерки.

-Во Законот за спречување перење пари го намаливме лимотот на кеш плаќање што е една од посилните мерки. Работиме заедно со УЈП на подобрување на системите во УЈП, добивме финансиска поддршка за подобрување на буџетските процеси и до крајот на годината, што се нашите цели, да доставиме на јавни расправи промени во однос на овие процеси, појасни министерот.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска потенцира дека стратешка цел на Управата е борба против сивата економија.

-Навистина имаме натфрлање на наплатата во споредба со другите години меѓутоа секако дека тоа е борба со која преку ноќ не можеме да се избориме. Бараме соодветни механизми, начини и се справуваме во рамки на нашите надлежности. Големо олеснување е и новиот систем за контрола на даночните обврзници што врз основа на 70 критериуми се утврдуваат високо ризични даночни обврзници кои се контролираат. Влезени сме во фаза на завршување на првиот турнус контроли  и ќе го видиме исходот, изјави директорката на УЈП.