На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, во присуство на изведувачот на работите за рефлекторско осветлување на стадионот и на претставници на Општината, направено е тестирање на осветлувањето.
Од Општина Битола информираат дека, пред официјалното пуштање, потребно е да се изврши фотометрија на осветлувањето од специјализирана странска компанија, со цел исполнување на стандардите на УЕФА и на ФИФА.