„Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски меѓу 25-те најдобри европски албуми

104

„Taftalidze Shuffle“ е ново студиско издание на Македонската музичка легенда Влатко Стефановкси и има вкупно девет песни кои се снимени во неговото студио „Езотерија“. Посветенено е на неговото Скопје и неговото маало Тафталиџе.

Новиот музички бисер на Влатко е воедно и номиниран помеѓу 25-те европски албуми со различни музички стилови: од фински поп, до француска електроника, преку балканска музика, дански блуз, до еклектичен музички израз на британските изведувачи.

-Оваа година списокот вклучува 25 врвни европски албуми! Вклучително и балканските. Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари кои доаѓаат од различни делови на Европа. 2020-та година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер в грб за добар почеток на 2021 година, порачаа од организацијата на номинираните!   Д.М. foto>FB