Tрета снимка „Рекет“: Обвинетиот Камчев направил многу интелигентни „маневрации“

260

Трето продолжение од серијалот за аферата „Рекет“ е објавено во дигиталното издание на италијанскиот весник „Ла верита“. Во објавените снимки повторно се слуша гласот кој наводно е на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Боки 13 во разговорите со Камчев постојано ја истакнува својата блискост со премиерот и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка, пишува „Ла верита“.
Транскрипт на дел од разговорот:
Боки 13: Кога викаш дека си законски чист, јас те разбирам. Многу маневрации си ги направил премногу интелигентно.

Камчев: Јас и ти сме слични за тие работи.

Боки 13: Не може да правиш како Сашо Мијалков, тоа е пичкин дим за тебе. Да не беше Мијалков во предметот и целата таа фама дигната, ништо не се случува. За мозок никој не може да ти оспори. Ако порано беше дека само се курчи и татко му направил пари, сега веќе не.

Камчев: Татко ми се друга генерација луѓе.

Боки 13: Друга.

Камчев: Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед.

Целиот разговор во снимката.