Торта и милкшејк в лице за главниот преговарач за Заедницата на српските општини/ВИДЕО

121
Фото: screenshot

Активисти на Социјалдемократската партија (СДП) фрлаа торта и милкшејк кон Бесник Бислими, вицепремиер на Косово и главен преговарач на Приштина во дијалогот со Белград, затоа што прифатил да се формира Заедница на српски општини (ЗСО).

Претседателот на Социјалдемократската партија, Дардан Молиќај, на Фејсбук објави видео од овој инцидент, со порака – колач и милкшејк за „Заедницата“.

„Торта и милкшејк за ‘Заедницата’. Се радуваат оние што го прифатија тое! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме на ова и масовно ќе бараме оставка, затоа протестираме во сабота во 14 часот“, напиша на Фејсбук Дардан Молиќај, лидер на СДП.

Викендов во Охрид, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, со посредство на Европската Унија се согласија за Анексот за имплементација кој заедно со Договорот ќе биде дел од европскиот пат на двете страни.