Српскиот стручњак Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на Србија, пренесува „Спортклуб“. Како што пренесува порталот, популарниот Кари повеќе нема да ги води „орлите“ по освојувањето на бронзениот медал на Олимписките игри.
Неговиот договор истече, па во моментов тој технички не е на таа позиција, но постоеше надеж дека ќе се разговара за продолжување на соработката по изборот на новиот претседател на Кошаркарската федерација на Србија.
Пешиќ (75) ја презеде селекцијата на Србија во 2021 година. Во меѓувреме, тој освои сребрен медал на Светското првенство во Манила во 2023 година, како и бронзен медал на годинешните Олимписки игри во Париз.