Столтенберг: НАТО ќе преземе поостри мерки против руските шпиони

31

Членките на НАТО се подготвени да преземат поостри акции против руските шпиони во земјите-членки на алијансата, како одговор на кампањата на Москва со непријателски активности, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Видовме неколку примери на саботажа, обиди за палење, сајбер напади, дезинформации“, изјави Столтенберг за новинарите.

Тој додаде дека министрите за одбрана на НАТО ќе се фокусираат на „руската кампања на непријателски активности против сојузниците на НАТО“ на претстојниот состанок во Брисел, пренесе Ројтерс.

Столтенберг рече дека министрите ќе разговараат и за опциите на НАТО да одговори на руските закани, вклучително и заштита на критичната поморска и сајбер инфраструктура, како и „построги ограничувања за рускиот разузнавачки персонал во земјите на Алијансата“.