Кошаркарот на Торонто, Каваи Ленард, има импресивни бројки кога во прашање е оваа сезона во НБА-лигата. Тој само во плејофот, каде што дојде до финале, бележи по 31 поен, девет скока и четири асистенции, со 51 процент на шут од игра што само по себе кажува дека се работи за вистински мајстор на теренот.

Тој воедно е предводник на Торонто, тим кој испиша историја со самиот пласман во финалето, но со оглед на гласините кои постојано кружат, Ленард кон крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти канадскиот клуб и ќе се пресели во еден од тимовите од Лос Анџелес.

Сепак, главниот оперативец на компанијата која се занимава со трговија на недвижности „The Condo Store Reality Incu“, Симон Мас, му нуди на Ленард бесплатно стан вреден милиони долари доколку остане во Торонто.

– Сакаме на направиме сè што е во наша моќ за да го задржиме нашиот најдобар кошаркар во Торонто, каде што е сакан и почитуван. Нема подобар начин да покажеме колку сме подготвени на таква соработка, сакаме да ги осигуриме неговите услуги со кои ќе може да остане во една од најдобрите тимови во цела Канада, изјави Симон Мас.

Ова е само нов обид од локалниот љубител на кошарката да го наговори Ленард на потпишување нов договор.

Покрај бесплатен стан, локален ресторан во Торонто му нуди не Каваи и бесплатни оброци до крајот на животот, доколку одлучи да го продолжи договорот со финалистот во НБА-лигата.

Ленард е роден во Калифорнија, држава во која се наоѓаат Лејкерс и Клиперс, двата тима со кои се поврзува неговото име, откако ќе му истече договорот оваа сезона.