Српска докторка од Итната помош како реална ѕвезда на ТикТок: „Да ги разбиеме предрасудите дека сите доктори се стари, досадни, грди“/ВИДЕО

226

Докторката на Заводот за итна медицинска помош во Белград, Д. Т., на својот профил на „Тик-ток“ објавила серија снимки од своето работно место на кои таа влегува во камерата, снима и не се однесува во согласност со професијата.

Поради снимање на пациенти на видеото, како и корисници на домот за стари лица во кој таа работела, против неа е поведена постапка пред етичката комисија, пренесуваат српските медиуми. На видеата што Д. Т. ги објавила на профилот таа е во преден план и им се обраќа на следбениците додека го опишува своето работно место, проследено со движења на реална ѕвезда, нагласуваат медиумите.

Имено, на видеото, кое е снимено во дом за стари лица, докторката на почетокот е во бел мантил и стетоскоп, каде што ги претставува своето работно место и пациентите.

Таа одеднаш се појавува во виолетов фустан и објавува дека е време за излегување.

„Ајде да видите доктор во друга верзија, да ги разбиеме предрасудите дека сите доктори се стари, досадни, грди. Па не е така, има некои интересни“, вели таа на почетокот на видеото направено во домот.

„Прекрасни сте, многу ми е мило. Дали сте добро згрижени овде?“, ги прашува докторката мислејќи на лицата згрижени во домот.

Видеото продолжува во возило што се движи кон болницата. Зад неа, во задниот дел од автомобилот, каде што најчесто се превезуваат пациенти, е снимено едно лице.

Кога снимките се проширија на мрежите, докторката беше изложена на осуди, по што брзо ги отстрани сите снимки, пренесуваат медиумите.