Средба Мицкоски- Зеленски на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон

75

Премиерот  Христијан Мицкоски од вчера е во Лондон каде учествува  на Самитот на Европската Политичка Заедница. Во рамки на Самитот, тој денеска оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

– Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство. Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици. Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање, објави по средбата на својот ФБ профил, македонскиот премиер, Христијан Мицкоски