Шопингот во Врање ќе биде уште поисплатлив, Србија ги урива цените

8391

Србија реши да се фати во костец со аздисаните трговци и конечно да застане на пат на превисоките маржи во српските продавници. На списокот производи чии цени треба да се вратат се кафето, медицинските средства и лекови кои не се на позитивната листа, како и козметичките производи.

Листата ќе се прошири ако по деталната проверка на сите министерства се утврди дека фирми или поединци влијаат на високите цени. Целта, како што за српски „Курир“, навел премиерот Милош Вучевиќ, е да се стави крај на монополистите кои во претходниот период од државните органи имаа одобрение да го држат монополот на пазарот.

За Вучевиќ, „осино гнездо“ кое мора да се растури е монополот врз кафето, кој го има фирма од соседството на Србија.

Оваа најава на српските власти ги радува и македонските граѓани кои секој викенд тргнуваат кон омилената шопинг дестинација, Врање, по набавки на храна, лекови, козметика и друго по пониски цени отколку дома.