Собраниската седница за избор на нова Влада почнува утре

36

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува утре, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. Мандатарот Христијан Мицкоски најави дека при заклетвата ќе го употреби уставното име на државата.

Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата, по што во Собранието се води единствен претрес.

Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот на државата за изборот на Владата. Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена.