Во утринските часови на 16 мај 1958 година, во близина на коралниот остров Еневетак во Пацификот, беше извршен нуклеарен тест како дел од операцијата Хардтак I. Атомска бомба од девет килотони била поставена на 150 метри под површината и детонирана.
Американскиот воен проект беше документиран, а снимката подоцна беше објавена во јавноста. На застрашувачкото видео се гледа детонацијата и млаз вода кој по неколку секунди достигнал висина од 260 метри, пренесува Телеграф.
Атомската бомба Mark 7 беше активирана како дел од тестот Wahooo за проучување на ефектите врз блиските бродови и подморници.
Поради оваа причина, Американците поставија три разурнувачи, подморница, модел на подморница и трговски брод околу местото на тестирање.
Иако бомбата била длабоко под површината на Пацификот, експлозијата била толку силна што ефектите останале видливи со голо око цели три и пол минути.
Што се однесува до бродовите, оној што бил оддалечен 5,4 километри директно го почувствувал ударниот бран и целосно се затресол.
Трговскиот брод бил закотвен на 715 метри од местото на детонацијата и имобилизиран поради оштетување на трупот и опремата.
Оваа бомба беше тактичко нуклеарно оружје, дизајнирано да се носи и фрла од борбени авиони.