Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ закрепнува по операцијата поради повреда на менискусот. Третиот тенисер во светот се повреди на Ролан Гарос од кој мораше да се откаже и набрзо по повредата Ѓоковиќ имаше интервенција во Париз.

Закрепнувањето од ваквата повреда каква што доживеа Новак не треба да трае долго, но Вимблдон, кој стартува веќе на 1 јули, секако е под голем знак прашалник, па се поставува прашање дали ќе игра на лондонскиот Грен слем?

Главниот фокус на Ѓоковиќ ќе бидат Олимписките игри во Париз кои на програмата се од 26 јули, токму на терените на Ролан Гарос. Таму Србинот ја најави својата потрага по олимписко злато, нешто што му недостасува во неговата богата кариера.

  • Сè уште мислам дека тоа е апсолутно лудо – ако Новак Ѓоковиќ освои златен медал на Олимпијадата оваа година, ќе ја освои секоја тениска титула што треба да ја освои на АТП турнејата. Лудило, величина, најголема во светот, напиша тенискиот новинар Скот Баркли.

Инаку, Ѓоковиќ, оваа година нема освоено ниту еден трофеј, па многумина се скептици дека олимпиското злато би завршило во негови раце.