Американката Симон Балјс (27) е најдобрата гимнастичарка на сите времиња, но ретки се тие што знаат дека таа била напуштена од својата мајка уште како бебе.
Овој пат се јави нејзината биолошка мајка Шенон, која не зборувала со својата ќерка откако ги оставила своите две деца на нејзините родители Рон и Нели (мајка и татко на Шенон). Покрај Симон Бајлс, таа ја оставила и помладата сестра на гимнастичарката, Адрија, бидејќи имала проблеми со зависноста од дрога и алкохол. Сега, посакува да ја види својата ќерка, па затоа јавно се обрати.
- Би сакала да разговарам лично со Симон. Ја чекам неа и нејзината помала сестра. Само би ја прашала дали може да ми прости и дали можеме да продолжиме понатаму, изјави таа за „ТЗМ“, па продолжи:
- Не ме осудувајте според моето минато, да продолжиме понатаму. Чекам прилика, но чекам таа да се обиде да дојде до мене. Ајде да седнеме, само треба да бидеме трпеливи.
Во меѓувреме, Симон стана најдобрата гимнастичарка во историјата со 11 олимписки медали и 30 на Светските првенства.
Наводно, Шенон повеќе нема проблеми со дрогата и алкохолот и работи како касиерка во синџир продавници, а сега би сакала да се „смири“ со својата ќерка, а сите информации за неа ги дознава од нејзините родители.
- Го имам нејзиниот број, но нема да и се јавам. Сакам таа да го направи првиот чекор. Има 27 години, мажена е, би сакала да бидам до неа, но ќе чекам, никого не можеш да натераш, се уште не се случило, а јас сум трпелива. Ја чекам, заврши мајката на Симон Бајлс.