Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, вчера изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа (СЕ).
Сијарто, одговарајќи на прашањето на Танјуг, рече дека позицијата на Унгарија во однос на членството на Косово во СЕ е јасна од претходно и дека земјата сака мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.
„Го поддржуваме успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но сметаме дека фактот што Косово аплицира за членство во меѓународните организации не придонесува за тој дијалог. Унгарија нема да го поддржи приемот на Косово во Советот на Европа“, изјави Сијарто.