Шпанската сапуница со Хезоњо продолжува – може да го напушти Реал!

175
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

И покрај тоа што потврди дека ќе остане во Реал Мадрид, Марио Хезоња сепак може да го напушти „кралскиот клуб“ и покрај новиот договор. Според Шамс Чаранија, добро информиран новинар за НБА, хрватскиот интернационалец има излезна клаузула за НБА во неговиот договор, кој важи до 19 јули. Чаранија исто така забележува дека неколку НБА тимови се заинтересирани да го вратат играчот во САД.

Претходно денеска Хезоња објави дека потпишал продолжување со Реал Мадрид како одговор на безбројните гласини кои го поврзуваат со тимови како Барселона, Панатинаикос, Партизан.

Сепак, се чини дека сагата се уште не е завршена.

Хезоња играше пет сезони во НБА за Орландо Меџик (2015-2018), Њујорк Никс (2018-2019) и Портланд Трејл Блејзерс (2019-2020).

Хрватскиот претставник оваа година со Реал Мадрид имаше просек од 13,5 поени и 4,6 скока.