Сергеј Трифуновиќ осуден условно на 60 дена затвор: Хрватите му го вратија пасошот на српскиот актер

52

Актерот Сергеј Трифуновиќ доби затворска казна од 60 дена, која нема да ја одлежи доколку во рок од една година не го стори истото дело, пренесува „Слободна Далмација“.

Откако беше уапсен и однесен во Сплит, ќе му се бројат 59 дена условна казна.

Трифуновиќ ќе треба да плати судски трошоци во износ од 150 евра, при што се откажал од правото на жалба. Пресудата е правосилна.

На актерот му е вратен пасошот, а во изјава за „Слободна Далмација“ вели дека „и онака ќе стане државјанин на Република Хрватска бидејќи неговата сопруга е од Риека“.

Трифуновиќ денеска во Општинскиот прекршочен суд во Сплит пристигна со задоцнување од 15 минути бидејќи најпрвин отишол во друг суд недалеку од оној каде што било закажано рочиштето.

Да потсетиме, Трифуновиќ беше уапсен во понеделникот вечерта на граничниот премин меѓу Србија и Хрватска – Бајаково, а во Сплит бил сослушан во полициска станица поради текстови со недолична содржина што претходно ги објавил на социјалните мрежи, во кои ги навредувал полицајците