Битката со пожарот кај Галичица трае веќе осми ден и иако првично беше ставен под контрола, пожарот од албанска страна почна да навлегува и во Македонија. Огнот се спушти шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Општина Ресен, а чадот веќе неколку дена се гледа до Поградец.
Екипите на Националниот парк Галичица кои се на терен апелираат и бараат помош од воздух за да се делува со жива сила да се локализира и држи под контрола пожарот. Моментално на овој потег гори сува трева и смрека .
Поради неповолен ветер и негасење од албанска страна веќе има проблем и можност од ширење на пожарот.