Францускиот актер Винсент Касел на Инстаграм и го честиташе 60-тиот роденден на својата поранешна сопруга, италијанската актерка Моника Белучи.
Тој првично објави “стори“ во која Моника во раце ја држи нивната помала ќерка Леони, додека нејзината постара ќерка Дева е потпрена во нејзиниот скут.
Среќен роденден Моника“, напиша Касел под фотографијата.
Сепак, објавувањето преку “стори“ не било доволно, па решил на својот профил да сподели уште една фотографија со опис „семејство“. Станува збор за стара, црно-бела фотографија на која Моника и една од нејзините ќерки гледаат во огледалa.
View this post on Instagram
Инаку, тие се запознале во 1996 година на снимањето на францускиот филм „L’appartement“. Тие се венчаа во 1999 година, а се разведоа во 2013 година. Заедно ги имаат ќерките Дева и Леони.
За потсетување, Моника Белучи (60) една година е во врска со режисерот Тим Бартон (66), додека Винсент Касел (57) е во врска со бразилската манекенка Нара Баптиста (27), која неодамна на социјалните мрежи објави дека е бремена.