Најголемиот скандал на Олимписките игри во Париз го видовме во светот на боксот, кај дамите, кога беше алжирската репрезентативка Имане Келиф во главната улога, обезбедувајќи најмалку бронза за својата земја.
Алжирската боксерка беше обвинета дека е маж и дека не треба да се бори со жени, што беше и слоганот на Меѓународната боксерска федерација (ИБА).
Така, повеќе се зборуваше за други работи, а не за спортот и за боксот. Потоа се огласи и боксерката од Алжир.
- Не ми е важно мислењето на другите луѓе – истакна Имане.
По сите случувања, на социјалните мрежи се огласи руската боксерка Азалија Аминева, која имаше интересна порака за Келиф.
- Здраво, Имане! Не гледаш ли дека се крена многу прашина околу тебе? Се сеќаваш ли како се боревме на првенството во Индија, во 2023 година, кога те нокаутирав? Подготвена сум да го повторам тој меч, да те испратам повторно на подот и да ти вратам за сите девојки што ги победи – истакна Аминева.
Оваа порака имаше голем број прегледи на социјалните мрежи. Инаку, Аминева е една од најдобрите боксерки во Русија. Поради својот изглед, имаше различни понуди од светот на модата, но цврсто реши да остане во боксот и таму да ја гради својата кариера. Дебитираше во боксот во 2018 година, и оттогаш победи на 21 меч и е непоразена. Има 22 години и се предвидува дека ќе има одлична боксерска кариера и многу титули во наредните години, секако доколку ја заобиколат повредите.
Таа не настапи на Олимписките игри во Париз поради забраната за руските спортисти, која стапи на сила по инвазијата на оваа земја врз Украина.