Хрватска остана без пласман на Олимписките игри по поразот од Грција во финалето на квалификацискиот турнир во Пиреја. По тој натпревар настана уште поголем скандал кога Ивица Зубац и Дарио Шариќ се степале со мештани во ноќен клуб во Грција. Со нив, наводно, бил и хрватскиот фудбалер Тим Једвај кој настапува за Панатинаикос.

По сè што се случи, се огласи Предраг Шариќ, таткото на новиот кошаркар на Денвер, кој јавно го осуди својот син.

  • Му се лутам, како да не се лутам, син ми е. Освен тоа, тој е и професионален кошаркар и не треба да се става во такви ситуации, да биде дел од афери, скандали, ниту тој, ниту некој од нив елитни играчи, славни спортисти и пример за младите, што е уште поважно, никогаш не знаеш дали некој може да извади нож од страна и да те избоде, изјавил Предраг за порталот „net.hr“.

Потоа продолжи со критиките.

  • Едноставно е, Дарио не смеел да биде во ноќен клуб во тоа време, особено не во таква ситуација. Поради неговата кариера, неговата репутација, децата за кои е пример. Тој е популарен, игра во НБА, луѓето во тоа време од ноќта се во секаква ситуација. Може нешто да се случи, а после цената за тоа е страшна. Не треба да го браните толку како што вие го правите тоа, порача Шариќ Сениор.