Јапонскиот борец Сатоши Иши преживеа неверојатна борба во животот, а сега си ја отвори душата. Тој се огласи на Инстаграм по драматичната објава каде што откри дека се бори за живот.
Овој 37-годишен борец пред шест дена објави фотографија од болнички кревет и напиша дека му биле извршени три операции поради мистериозна болест.
- Конечно излегов од болница. Пред неколку недели имав инфекција на вратниот диск и вратниот ‘рбет. Сето тоа се разви во сепса. Последната операција ми беше на 5 август и до вчера примав антибиотици преку инфузија. Мојата тежина падна на 97 килограми. Горниот дел од телото ми е парализиран. Морам да продолжам да одам во болница за рехабилитација, тестови на крвта и магнетна резонанца. Им благодарам на сите во болницата, ми го спасија животот. Ви благодарам на сите за убавите пораки и навистина го ценам тоа. Се трудам да одговорам на сите колку што можам. Вашите пораки ме прават силен и сакам повторно да се борам, напиша Иши, кој се лекувал во Јапонија.
Овој борец поради инфекцијата ослабел 20 килограми, бидејќи имал 115 килограми кога беше во врвна форма.
Во март објави дека се пензионира, а потоа се врати во Јапонија, каде што работи како цвеќар.
Тогаш Иши ја објави својата одлука во „Токио спортс“.
- Ќе одам во пензија. Откако ќе се пензионирам, сакам да живеам во Фукуока и да работам со скратено работно време. Можам да ги научам имињата на цвеќињата и како да ги одгледувам, рече тогаш Иши.
На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, во џудо освои златен медал, а потоа се обиде и во ММА спортот. Таму имаше 39 борби и 25 победи, а последниот меч го загуби од Данило Маркес.
Тој долго време беше еден од најпопуларните боксери во Хрватска, а поради тоа и поради животот во Хрватска доби пасош на оваа земја.