Сандра Булок и Никол Кидман повторно како СЕСТРИ ВЕШТЕРКИ

118

После 26 години, студиото Warner Bros. најави продолжување на култната романтична драма „Practical Magic“, во која главните улоги ги толкуваа Сандра Булок и Никол Кидман, а кои моментално се во преговори да се појават во новиот филм, пренесува Varieties.

Во филмот од 1998 година, познатите актерки ги играа сестрите Сали (Булок) и Џилијан (Кидман) Овенс, чие семејство со векови практикува магија и успеа да го преживее ловот на вештерки. Двете се обидуваат да живеат нормален живот и да најдат љубов, но проклетството ставено на нивното семејство ги спречува да го сторат тоа. Имено, секој маж кој ќе се заљуби во член на семејството Овенс ќе умре предвреме.

И покрај проклетството, Сали се омажила и има две ќерки, но нејзиниот сопруг загинал во сообраќајна несреќа. Таа остана да живее во малото гратче каде што пораснала со сестра и и тетките кои се вештерки. Џилијан, која била желна за авантура, го напуштила градот веднаш штом добила шанса.

Иако сестрите се оддалечија со текот на годините, тие ветија дека секогаш ќе бидат една за друга. Откако Џилијан ќе заврши во врска со опасен насилник, двете повторно ги здружуваат силите за да се ослободат од него.

Филмот е базиран на истоимениот роман на писателката Алис Хофман.

Ворнер Брос. потврди дека Сандра Булок и Никол Кидман ќе работат како продуцентки.