Сакал да ги убие „неверниците во Виена“, планирал со автомобил да влета во 20.000 фанови, да ги нападне со мачети и на крај да активира бомба  

Главниот осомничен, 19-годишник со потекло од Македонија признал се и веќе имал експлозивни направи во својот дом во Терниц. Како што пренесе Индекс.хр станува збор за Беран Алији, кој за време на сослушувањето не покажал знаци на каење и рекол дека сакал „да ги убие неверниците во Виена“. Како што информираше австрискиот директор за јавна безбедност, Франц Руф, младиот човек работел на планот за напад од јули. Тој на крајот на минатиот месец си дал отказ од работа и рекол дека има „големи планови“. Откако ја напуштил работата, 19-годишникот го променил и изгледот за да го прилагоди на пропагандата на Исламска држава. Тој веќе имал функционани експлозивни направи во својот дом во Терниц во источна Австрија. Во неговиот дом полицијата пронашла и бројни хемиски супстанци и технички средства. Тој наводно планирал со автомобил да влета во 20.000 фанови кои ќе стојат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертот на американската мегаџвезда Тејлор Свифт, а потоа да ги нападне со мачети и ножеви. Пријателите на 19-годишниот главен осомничен наводно биле ангажирани како обезбедувачи на концертот. Вториот уапсен е 17-годишник со турско-хрватски корени, кој веќе и бил познат на државната безбедност. Тој неколку дена бил вработен во фирма за објекти која во требало да врши услуги на стадионот, како што се снабдување со храна и пијалоци

982

Спречена е трагедија! Вака австриските власти информираа за откажувањето на сите три концерти на американската мегаѕвездата Тејлор Свифт што денеска, утре и во сабота требаше да се одржат во Виена, откако полицијата уапси две лица осомничени за планирање терористички напад. Главниот осомничен, 19-годишник, како што објавија австриските медиуми, а подоцна и безбедносните служби е роден во Австрија, но со потекло од Македонија, неговото семејство има македонски корени. Австриските власти веќе испратиле барање и македонската полиција да го проверат ова лице.

 -Од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое е по потекло од Македонија, а истиот е осомничен за планиран терористички напад во Виена. Од наша страна се постапува по однос на доставеното барање, информираа од македонското МВР.

Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот кој планирал напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Како што пренесе Индекс.хр станува збор за Беран Алији од Терниц. Полицијата соопшти дека за време на сослушувањето тој не покажал знаци на каење и рекол дека сакал „да ги убие неверниците во Виена“.

Според австрискиот весник Куриер, 19-годишникот планирал со автомобил да се забие во десетици илјади обожаватели кои би стоеле пред стадионот Ернст Хапел за време на концертот, а потоа користејќи мачети и ножеви би ги нападнал присутните и конечно ќе активирал бомба направена од украдени хемикалии.

Дал отказ и рекол дека има „големи планови“

Австриски ОРФ ја пренесе изјавата на директорот за јавна безбедност Франц Руф, кој истакна дека главниот осомничен признал се и веќе имал експлозивни направи во својот дом во Терниц. Младиот човек работел на планот за напад од јули. Тој на крајот на минатиот месец си дал отказ од работа и рекол дека има „големи планови“, рече Руф на прес-конференција. Откако ја напуштил работата, 19-годишникот наводно се фокусирал на подготовка на терористички напад и го променил изгледот за да го прилагоди на таканаречената пропаганда на исламска држава. Руф рече дека тој веќе направил експлозивни направи во својот дом во Терниц во источна Австрија. Во неговиот дом полицијата пронашла и бројни хемиски супстанци и технички средства.

Тој наводно планирал со неговиот автомобил да влета во 20.000 фанови кои ќе стојат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертот, а потоа да ги нападне со мачети и ножеви.

Пријателите на 19-годишниот главен осомничен наводно биле ангажирани како обезбедувачи на концертот.

Според шефот на Управата за државна безбедност и разузнавање, Омар Хаијави-Пирчнер, 19-годишниот осомничен планирал напад со „експлозиви“ и ладно оружје за „бодење и сечење“.

 -Тој сакал да се убие себеси и што поголема група луѓе, изјави Хајави-Пирчнер и додаде дека споменатите лица полицијата ги смета за сомнителни и поврзани со планираните напади, но дека е можно и некои други лица да им помагале.

Вториот уапсен е 17-годишник. Според информациите 17-годишникот, кој има турско-хрватски корени, веќе и бил познат на државната безбедност. Тој неколку дена бил вработен во фирма за објекти која во требало да врши услуги на стадионот, како што се снабдување со храна и пијалоци.

Во средата во Виена беше уапсен 19-годишниикот во неговиот дом во градот Терниц во Долна Австрија, каде што се подготвувал терористички напад за време на концертите на Тејлор Свифт во австриската престолнина, откако пред неколку недели се радикализирал преку интернет и ѝ се заколнал на Исламскта држава. При претресот во неговиот дом биле пронајдени хемиски супстанци и технички уреди, кои наверојатно ги украл од својот поранешен работодавач, а сега се испитуваат. Полицијата трага по уште тројца осомничени.

Признал се’

Директорот за јавна безбедност Франц Руф, рече дека властите биле свесни за „подготвителни дејствија“ за можен напад и дека 19-годишниот осомничен „се фокусирал на концертите на Тејлор Свифт во Виена. Тој признал сѐ и детално ги опишал плановите за нападот.

Апсењата на двајцата, според Руф „ја минимизираа заканата за оваа мала група“, а откажувањето на концертите на Тејлор Свифт беше „одлука и одговорност на организаторите“. Руф потврдува дека имале дојава од странски служби, по што била спроведена истрага во комбинација со сознанијата на австриската разузнавачка служба.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер преку социјалните мрежи соопшти дека безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена била многу сериозна и била избегната трагедија.

-Благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата рано беше идентификувана и спречена е трагедија, напиша Нехамер на социјалните мрежи.

Откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот, организаторот објави дека трите концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажуваат. Се очекуваше околу 195.000 луѓе да присуствуваат на трите концерти на распродадениот стадион Ернст Хапел и уште околу 20.000 фанови да ги слушаат концертите надвор од стадионот. Парите за влезниците ќе им бидат вратени во рок од десетина дена.

Кујтим Фејзулаи беше уште еден терорист со потекло од Македонија

Апсењето на 19-годишниот Беран по потекло од Македонија, осомничен за планирање терористички напад на концертите на најголемата американска музичка ѕвезда, Тејлор Свифт, потсетува на терористичкиот напад од ноември 2020 година, исто така, во Виена. Тогаша 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, исто така по потекло од Македонија, уби четворица и повреди уште 23 лица. Фејзулаи потоа беше убиен од полицијата. И Фејзулаи, како и Мухамед бил роден во Виена, имал и австриско и македонско државјанство, а родителите му се со потекло од тетовското село Челопек. Тој никогаш не бил во Македонија. Полицијата кажа и дека бил симпатизер на Исламска држава, кој одлежал неколку месеци затвор во 2019 за обидот да замине да се бори во Сирија. Полицијата потврди дека Фејзулаи предвреме бил пуштен од затвор откако поминал низ процес на дерадикализација.

Најголемиот страв на Тејлор Свифт

Пред десетина дека три деца беа убиени и уште неколку беа повредени во „жесток“ напад со нож на детски курс за танцување токму на настан на тема Тејлор Свифт во Саутпорт. Уште две возрасни лица исто така беа во критична состојба откако биле избодени со нож додека се обидувале да ги заштитат децата. 17-годишно момче од Бенкс во Ланкашир беше уапсено под сомнение за убиство и обид за убиство. Полицијата соопшти дека мотивот за нападот е „нејасен“, но не се третира како тероризам.

-Децата присуствувале на настан на Тејлор Свифт во училиште за танцување кога насилникот вооружен со нож влегол во просториите и почнал да ги напаѓа децата, соопштија тогаш од полицијата во Мрсисајд.

Тогаш американската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт на Инстаграм напиша дека е згрозена од овој чин и е во целосен шок.

Токму ваквите сценарија беа нешто од што Тејлор Свифт се плашеше со години, откако сличен напат се случи и на концертот на нејзината колешка Аријана Гранде во 2017 година, во Манчестер Арената, кога бомбаш-самоубиец активираше експлозивна направа и уби 22 луѓе кои беа на концертот.

На крајот од нејзината претходна турнеја, Свифт изјави дека се плаши да не се случи терористички напад на некој од нејзините концерти, а единствена цел ѝ е да ги заштити обожавателите на нејзината турнеја.