Меѓу 21 нов кардинал што папата Франциско ќе ги именува на 8 декември е и алжирскиот бискуп Жан Пол Веско, кој трча на маратон.
Веско е 62-годишен припадник на Доминиканскиот ред и архиепископ на Алжир, а се натпреварува спортската органзација за атлетика на Ватикан, пренесе агенцијата Анса.
Неговиот личен рекорд е два часа и 52 минути, а го истрчал на патеката долга 42.195 километри на маратонот во Њујорк во 1989 година.
Бискупот Веско изјави дека како момче планирал да биде спортист, но кога пораснал тргнал по друг пат. Сепак му се вратил на трчањето, а во Њујорк, како што вели, постигнал личен рекорд.
„Мотивот за трчање на толку долги растојанија не е да се натпреваруваш со другите, туку да се слушнеш себеси. Трчањето е слобода затоа што ја трансформира секоја патека, дури и во урбана средина, во широко отворен простор“, вели алжирскиот бискуп.
Според Веско, кога ги облекувате патиките за трчање, доволно е да ги турнете внатрешните и надворешните универзуми надвор од нивните граници. Тој заклучил дека за него трчањето е наместо медитација и претставува посебна внатрешна реализација.
Папата (87) за време на редовната пладневна молитва пред аџиите и туристите на плоштадот Свети Петар во Рим рече дека церемонијата на поставување на новите 21 кардинали ќе се одржи на 8 декември, објави Ројтерс. Новте кардинали на Католичката црква, ќе одлучуваат за изборот на новиот папа.