Возачите да возат претпазливо:Снег врне во Крушево,Прилеп,Плетвар и Пресека, има магла со видливост до 30 метри

194

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по  влажни коловози.Снег врне во Крушево,Прилеп,Плетвар и Пресека, каде имаме и магла со видливост до 30 м.

Врнежи со послаб интезитет имаме на Попова Шапка, Маврово,Стража, Страцин,Македонски Брод,Буково и Ѓавато.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.