„Робот ќе ви ги чува децата, и ќе ви биде пријател“ – тврди Маск/ВИДЕО

309

Шефот на Tesla, Илон Маск, сака да го сметате за пријател роботот Optimus.

„Мислам дека луѓето ќе почнат да размислуваат за Optimus како пријател, да кажат нешто како дека е R2-D2“, рече Маск во интервју на Канскиот фестивал на креативност.

Тој истакна дека Tesla не планира во блиска иднина на Optimus да му даде човечки облик, но сепак сакаат тој да „изгледа добро“, и дека овој робот ќе може да се користи како личен асистент во домаќинството.

„Можете да го ангажирате да го шета вашето куче, да се грижи за куќата или децата, да готви вечера, да свири нешто на пијано… тоа е хуманоиден робот“, рече Маск.

Тој верува дека секој човек ќе има свој личен робот, а ќе има и други кои ќе се „вработат“ во различни индустрии.

„Мислам дека Optimus ќе биде повреден од сè друго во нашата компанија заедно. Ако имате разумен хуманоиден робот кој може да се движи во реални ситуации и да извршува задачи, нема ограничување за таа економска пресметка“, заклучил Маск.