Град Скопје го реализираше проектот за реконструкција на улицата „Борис Кидрич“, од крстосницата со улицата „Симеон Кавракиров“ до крстосница со булевар „Кузман Јосифовски-Питу“.
Со цел подобрување на сообраќајната инфраструктура, извршена е реконструкција на коловозот на улицата „Никола Карев“, на површина од 2.000 квадратни метри, со соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
– Станува збор за фреквентна улица, која поврзува повеќе клучни сообраќајници и се наоѓа во непосредна близина на Меѓуградската автобуска и Железничка станица, каде што, поради големото сообраќајно оптоварување, констатирани се колотрази и оштетувања, а со реконструкцијата се зголемуваат сигурноста и безбедноста за сите учесници во сообраќајот – објаснуваат од Град Скопје.