Екипата на Лос Анџелес лејкерс сè уште е во потрага по нов тренер, а откако пропадна планот со колеџ-тренерот Ден Харли, сега на радарот е поранешниот кошаркар Џеј Џеј Редик.

Редик никогаш не раководеше со НБА-тим по завршувањето на кариерата, ѝ се посвети на работата како аналитичар на ТВ-станиците, има и свој канал за поткаст, но во последните денови му се дава животна можност – да го преземе Лејкерс. Тој веќе имал неколку разговори, телефонски и лично, со генералниот директор на Лејкерс, Роб Пелинка, кој ја води операцијата за потрага по нов тренер, заедно со сопственичката на франшизата, Џини Бас.