Разводот на Бен Афлек и Џеј Ло ќе биде „најсложената и најскапата постапка“

248

Заеднички пријател на Џенифер Лопез и Бен Афлек за Page Six откри дека до крајот на летото може да се очекува дека парот и официјално ќе го објави разводот. Тој објасни дека познатата двојка веќе ги договориле условите на разводот и дека се сигурни во својата одлука.

Тој исто така рекол дека откако раскинале во 2004 година, постојано се прашувале „што ако“ и се занеле со носталгија и сомнежи, поради што решиле да се венчаат во 2022 година.

„Тоа беше моментот кога решија да се обидат… Џенифер навистина ја сакаше таа свадба – фустаните, пријателите, украсите, таа го сакаше тоа со години“, рекол изворот, додавајќи:

„Тие сфатија дека не финкционираат на долги стази, и ете, готово е“!

„Тие се еден од најбогатите парови благодарение на нивниот успех, особено Џенифер, па мислам дека разводот ќе биде скап“, открил пријателот и додал дека тоа ќе биде „една од најсложените и најскапите процедури досега“.

“Бен веќе го пронајде својот нов дом, а Џен ќе го избере нејзиниот. Целосно е решено и нема интерес или причина ниту еден од нив да се повлече”, рекол извор близок до актерите.