Разводот на Афлек и Лопез стана реално шоу: Се бакнуваат додека се договараат за поделба на имотот!

2871

Бен Афлек и Џенифер Лопез, наводно, „сè уште продолжуваат напред“ со бракоразводната постапка, иако неодамна беа забележани како се бакнуваат додека уживаа на ручек во Лос Анџелес со членовите на семејството.

„Сите се собраа на забавен ручек за да можат децата да се дружат“, изјави извор за People Sunday. Лопез се обидува да биде пријател со Бен. Сепак, тие се уште продолжуваат со разводот. Тие ги разработуваат финансиските детали спогодбено“, додаде инсајдерот, алудирајќи на фактот дека бившите сопружници наводно не потпишале предбрачен договор кога се венчале во јули 2022 година.

Вака нивниот развод се претвора во реално шоу.

„Разводот никогаш не е лесен, но Џенифер не сака да биде себична во врска со тоа. Децата секогаш се согласуваа и се забавуваа заедно. Ја прави среќна што ги гледа децата заедно и насмеани. Среќни деца се нејзин приоритет“, вели изворот.

А, близнаците Лопез одлично се согласуваат со децата на Афлек и Џенифер Гарнер.

Прашањето е само – зошто Бен и Џен се бакнуваат ако се разведуваат?