Рај за очи: Жешките кадри на Хајди Клум го обиколија светот/ВИДЕО

368

Познатата убавица Хајди Клум ја подигна температурата до максимум појавувајќи се во новиот спот на дуото „Sofi Taker“. Таа помина нешто повеќе од три минути во долна облека или розова наметка, која остави исто толку малку на имагинацијата како и другиот нејзин „аутфит“.

Со пејачката Софи Холи-Велд снимаше смешни сцени со „играчки за возрасни“, скокање по креветот, јадење колбаси во истиот, свирење на гитара во када… А, бидејќи им се придружи Такер Халперн, од споменатото музичко дуо , забавата во екранизација на синглот „Spiral“ стана уште полуда.

Сексапилната Германка за странските медиуми истакна дека е задоволна и од проектот кој на многумина им „падна вилицата на подот“.

„Песната е привлечна, забавна и јас уживав во друштвото на Софи и Так. Тие не се само талентирани, туку и полни со различни идеи. Тие се многу интересни луѓе. Како прво, ми се допаѓа што приказната всушност покажува колку е важно да се има пријател на кој можеш да се потпреш во тешки времиња“, коментира таа.

Инаку, Хајди е голем обожавател на ова дуо и, како што стојат работите во моментов, планира да им се придружи кога во живо ќе го изведат споменатиот сингл во финалето на германското издание на „Некст топ модел“.