Путин: „Стигнавме до точката од која нема враќање“

1352
EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сегашниот западен модел на глобална безбедност пропаднал и дека Западот треба да најде начин да соработува со Русија.

Во говорот во руското Министерство за надворешни работи, Путин рече дека светот дошол до точка од која нема враќање поради, како што рече, колапсот на „западниот модел“ на глобалната безбедност и дека е време да се создаде на негово место нов и постабилен систем.

„Очигледно, сведоци сме на колапс на евроатлантскиот безбедносен систем. Денес тој едноставно не постои, треба фундаментално повторно да се создаде“, рече Путин.

Сето ова бара заедно со нашите партнери, со сите заинтересирани земји, а ги има многу, да ги разработиме сопствените опции за обезбедување безбедност во Евроазија, а потоа да ги предложиме на поширока меѓународна дискусија.

Путин рече дека е време да се зборува за нов безбедносен систем во Европа и Евроазија, а Русија е отворена да разговара за тоа со сите, вклучително и со НАТО.

„Важно е да се тргне од фактот дека идната безбедносна архитектура е отворена за сите евроазиски земји кои сакаат да учествуваат во нејзиното создавање. „За сите“ ги вклучува европските и земјите од НАТО, се разбира“, рече тој.

„Живееме на ист континент. Што и да се случи, не можете да ја промените географијата, ќе мора да коегзистираме и да работиме заедно на овој или оној начин.

Во исто време, рускиот претседател во петокот заплената на рускиот државен имот извршен од Западот ја нарече кражба и рече дека тоа нема да помине неказнето.